ФФМ со апел за вечерашниот натпревар

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е максимално ангажирана за организацијата на квалификацискиот натпревар за СП 2018 кој вечерва ќе се игра на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје каде гостува Италија. 

- Имајќи предвид дека интересот за овој натпревар е голем и се очекува голем број навивачи, а во интерес да не се создаде несакан метеж пред влезовите на стадионот се замолуваат сите симпатизери порано да дојдат на стадион и да ги заземат своите места, апелираат од ФФМ.

Вратите на Арената ќе бидат отворени од 18:45, а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот на натпреварот, кој е закажан од 20:45 часот. 

 
 
09.10.2016 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега