Значително поскапување на горивата во Македонија?

Суровата нафта од типот Брент вчера на берзата во Лондон поскапи за 1,4% на цена од 50,89 долари за барел. Во текот на денот, „црното злато“ достигна максимална една од 51,14 долари за барел, и тоа претставува прво трајно зголемување над психолошката бариера од 50 долари од 19-ти август наваму. Денеска цената на северноморската нафта од типот Брент која се увезува и во Македонија, се намали со 0,81% до 50,48 долари.

 Во Македонија регулаторот во понеделникот ја одреди новата цена на горивата. Движењето на курсот на доларот овозможи и покрај поскапувањето на светските берзи да возиме за половина денар поевтин бензин.

Но актуелната цена е за околу 3,5 долари повисока од онаа врз основа на која Регулаторната комисија во понеделникот ја утврди малопродажната цена на горивата во Македонија.

Ако продолжи трендот на поскапување, за две недели, извесно е значително поскапување на горивата и во Македонија

 
 
 
09.10.2016 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега