Свадбени ѕвона во домот на Лепа Брена

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ наводно одлучиле да се венчаат и тоа наредната година во април. Според пишувањето на српски Курир, прво ќе биде објавена официјаланта веридба кон крајот на декември, а пред матичар ќе застанат пет месеци подоцна.

Наводно свадбената веселба ќе се одржи во белградскиот хотел „Краун плаза“.

-Александра и Филип одлучија да се венчаат идната година, а претходно ќе организираат веридба во куќата на Живоиновиќ на Бежанијска коса. Живојиновиќ е сигурен дека Пријовиќ е жената на неговиот живот, а таа исто така е вљубена во него и бракот така е очекуван, вели куќен пријател на семејството Живојиновиќ.

 
 
09.10.2016 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега