Ширење на бездната меѓу земјите - првиот грев на еврото?

Како воведувањето на еврото ја прошири бездната меѓу европските држави, во услови кога заедничката валута беше замислена да ја намали?

- Еврото не ја донесе ветената благосостојба, туку поделба и оддалечување, изјави неодамна Џозеф Стиглиц. Како монетарната унија ги зголеми разликите меѓу сопствените земји членки? Неодамнешното истражување на СЕРП прави оценка на последиците од монетарната унија за зголемување на разликите во цените во одделни држави, како да се сопре и за секторските дисбаланси.

Големите макроекономски разлики меѓу најбогатите и најсиромашните земји од еврозоната беа толкувани во првите години по воведувањето ма заедничката валута, како одраз на еден процес на оддалечување на првите од вторите. Заѕтоа е бескорисно да се тревожиме. Таа теза ги штити економските експерти како Оливие Бланшар и Франческо Џаваци. Изгледа требаше да ја дочекаме кризата во еврозоната за да биде ставено под лупа тој претпоставен процес на економско изедначување на земјите членки. Во 2015 година, Беное Киоре, член на Извршниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) констатираше дека разликите во приходите по глава на жител се зголемиле меѓу одделни држави членки - нешто што ја става под сомнеж една од фундаменталните цели на монетарната унија. Во својот нов труд, кој беше објавен на 14 септември, Стиглиц тврди дека еврото „е закана за иднината на Европа“. Тој констатира дека заедничката валута наместо да овозможи изедначување на животниот стандард во земјите членки, не ја донел ветената благосостојба, туку сосема обратното - поделби и понатамошно зголемување на разликите.

Како еврото ги зголеми разликите?

Како монетарната интеграција ја прошири бездната меѓу земјите членки? Неодамнешното истражување кое го направи СЕРП се обидува подобро да ги објасни механизмите кои стојат во основата на тоа зголемување на разликите меѓу државите од еврозоната. Тоа наоѓаше оправдување пред кризата под формата на големи разидувања во инфлацијата. Тоа може да се рефлектира во изедначување на цените во земјите членки. Неколку истражувања всушност веќе покажаа дека ако цените во секторите кои се изложени на меѓународна конкуренција, како индустријата, транспортот или туризмот, почнат да се изедначуваат, тоа не се однесува за секторите кои се предмет на протекционизам, или поконкретно изградбата на живеалишта, супермаркетите и комуналните услуги. До тој степен што разликите во инфлацијата кај земјите членки ги рефлектираат воглавно разликите меѓу одделни цени во заштитените и отворените за конкуренција сектори.

Станбени балони

Од создавањето на монетарната унија до глобалната финансиска криза од 2008 година, цените во секторите кои се предмет на протекционизам во однос на оние кои се изложени на конкуренција, пораснале многу повеќе во државите на периферијата (27 проценти) отколку во оние од центарот на еврозоната (12 проценти). Балоните со становите изиграа важна улога за таквиот развој. Растот на заштитените сектори всушност не се должи само на живеалиштата. Во Португалија, на пример, вработеноста во станбениот сектор и градежништвото дури и се намалило (за осум проценти) меѓу 1999 и 2008 година. Дури и да бидат исклучени недвижните имоти, споредбените цени пак чувствително растат, за 24 проценти, во периферијата во периодот 1999-2008 година.

Причина за тоа е големиот пораст на цените во државната администрација, здравството и образованието (51 проценти), финансиите (41 проценти), инфраструктурните сектори (водо- и електроснабдувањето, просечно за 40 проценти меѓу 1999 и 2008), и трговијата на големо и мало (26 проценти).

Големо намалување на каматните проценти

Тоа истражување наведува на помислата тека таквиот развој е резултат не само од намалувањето на споредбените продуктивност на заштитените сектори (традиционалниот ефект Баласа-Семјуелсон), но и од големото намалување на каматните проценти во периферните земји. Монетарната унија во пракса дозволи изедначување на номиналните камати во еврозоната на ниво од околу 4,3 проценти во средината на првата декада на 21-иот век. Тоа повлече силни компаративни намалувања на каматините проценти меѓу 1999 и 2008 година, во периферните земји во однос на централните: номиналните каматни проценти кај првите просечно се намалила за 7,6 проценти во периодот 1999-2008, наспроти 3,16 проценти кај вторите. Овој пад на каматните проценти не се изразува на еден и ист начин кај заштитените и отворените сектори. Тоа се должи на станбените балони и на ефектот од силниот пораст на внатрешната побарувачка, кои во отворените сектори може а биде поддржано од увозот. Тој факт е резултат од разликите меѓу интензивноста на капиталот и продуктивноста од трудот на тие два вида сектори.

Тој последен механизам е илустриран со бројки во истражувањето (ефектот на каматните проценти во однос на просекот во Европа меѓу 1999 и 2008 година, (за 2,3 проценти) би може да ја објасни малку помалку од половината од зголемувањето на споредбените цени. На каматните проценти на Баласа-Семјуелсон се надева дел од повеќе од 78 проценти од порастот на споредбените цени во Грција. Во Италија тие два ефекта објаснуваат над 65 проценти од порастот на споредбените цени (14,1 проценти), но во таа земја конкретно Баласа-Семјуелсон има поголемо влијание од каматните проценти. Во Германија слабиот пораст на реалниот каматен процент во споредба со просекот за еврозоната (1,4 проценти) објаснува само седум проценти од намалувањето на споредбените цени. заедно со Баласа-Семјуелсон на тој ефект паѓа дел од 26 проценти од падот на споредбените цени во таа земја. Тогаш изгледа дека каматните проценти изиграле многу поваѓна улога за еволуцијата на споредбените цени во Грција, отколку во Германија.

Изедначување на номиналните каматни проценти и секторски дисбаланси

На тој начин монетарната унија овозможувајќи изедначување на номиналните каматни рпоценти во земјите членки соучествувал за секторските дисбаланси во некои економии од периферијата на еврозоната. Од финансиската криза во 2008 година, покачувањето на реалните каматни проценти во периферијата (во однос на просекот за еврозоната) несомнено благопријатно делува на стабилизирањето на споредбените цени во тие економии (дури и лесното намалување на тие цени ако биде исклучен секторот на недвижните имоти).

Закрепнувањето на отворените сектори всушност тешко ја компензира загубата на работни места во заштитените, кои имаат потреба од повеќе работна рака. Затоа разликите меѓу одделни земји се појавуваат под формата на многу разновидни реакции на кризата од страна на економиите во еврозоната,како и на големата „ножичка“ во однос на невработеноста. Намалувањето на тие разлики е толкав предизвик што некои економисти, или поконкретно Џозеф Стиглиц, се сомневаат дека Европа е способна да успее.

Трибјун-Париз

 
 
08.10.2016 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега