Трајковски се сретна со пливачите Стефановски и Илиевски

 Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски ги прими пливачите на долги патеки Томи Стефановски и Александар Илиевски кои на светската листа ФИНЕ освоија високи пласмани.

На светската листа ФИНЕ Томи Стефановски е прв, а Александар Илиевски седми. 

Како што се наведува во соопштението на општина Гази Баба, градоначалникот им честитал на Томи Стефановски и Александар Илиевски за извонредните успеси, а на претставниците на фирмите „Кенди“ и „Вардарградба“ им се заблагодарил за несебичната помош и поддршка.

На средбата било разговарано за помошта на бизнис секторот во индивидуалниот спорт и поддршката на спортистите кои покажуваат врвни резултати, а притоа ја промовираат општината и Република Македонија на најубав можен начин

 
 
07.10.2016 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега