Скопската населба Хиподром 2 се гради во полна пареа

Градоначалникот Тони Трајковски заедно со градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановс кои беа на увид на продолжување на градежни работи за изградба на патната и комуналната инфраструктура во населбата Хиподром 2.

За овој локалитет беше донесен детален урбанистички план според кој е предвидено изградба на околу 300 нови куќи и 12 згради, од кои досега 75 парцели се продадени.

За нормално функционирање на објектите во населбата во тек е изведба на примарната инфраструктура за водовод од околу 800м, атмосферска канализација од околу 1,2км и фекална канализација од околу 1км.

По изградбата на комуналната инфраструктура ќе следи и асфалтирање и изведба на тротоари на улицата „Никола Киров Мајски" и улица„ 5".

Во првата фаза за изградба на инфраструктура се потрошени 15.000.000,00 денари а за оваа фаза според проектот се предвидени околу 28.500.000,00 денари, од кои 60% се обезбедени од Буџетот на град Скопје а 40% од Буџетот на општина Гази Баба.

Во следниот период ќе се работи и на расчистување на земјиштето во оваа населба, кое се наоѓа во државна сопственост за кое општината ќе направи Објави за отуѓување на државно земјиште, како граѓаните би можеле да си го откупат на лицитација и да започнат со изгрдаба на сопствени домови за живеење.

 
 
07.10.2016 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега