Гостиварчанка ги пријавила синот и снаата во полиција

Педесет и пет годишна жителка на гостиварското село Долна Бањица ги пријавила во полиција синот и снаата за запуштање на четирите деца.

Според СВР Тетово, во полициската станица Гостивар, утрово  55-годишната С.Ш. пријавила дека нејзиниот син и снаата целосно ги запуштиле четирите малолетни деца и не се интересирале за нив. Жената,  изминатите шест месеци сама за грижела за внуците.

- Синот и снаата не живееле заедно, но не биле судски разведени, така што секојдневната грижа за децата била исклучиво на бабата. По пријавата, се превземаат мерки и активности за расчистување на пријавеното, а против родителите на малолетните деца ќе следува законски предвидениот поднесок, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово. 

Годинава, посочи тој, на гостиварските и тетовските простори ова е прв случај кој пријавен во СВР Тетово. 

Запуштање и малтретирање на малолетни лица претставува кривично дело, за кое во членот 201 од Кривичниот законик на Република Македонија, предвидена е затворска казна од најмалку пет години. Зависно од крајните последици на запуштањето, затворската казна може да биде уште поголема и да достигне до 10 години.

 
 
07.10.2016 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега