Пензионер силувал тетовчанка: Соблечи се или ќе те обесам на лустерот!

Хорор се случил во Тетово. Пензионер е осуден на затворска казна од една и пол година бидејчи со ќотек и со закани принудувал сограѓанка на секс. Основниот суд во Тетово го огласи А.Љ. за виновен за кривичното дело силување, објавува ВЕСТ.

Монструмот за средбата изнајмил куќа под кирија. Тој и жената претходно се познавале. На денот кога ја силувал, таа се сретнала со него и, според исказот на сведок, заедно заминале од нејзиното работно место со автомобил. Според пресудата, обвинетиот пензионер со употреба на сила и закани дека ќе ја убие, ја терал оштетената да имаат секс, а бидејчи се противела, ја удирал со клоци и со тупаници по главата и по телото и и наредил да се соблече гола. Откако повторно го одбила, обвинетиот и се заканил со зборовите: “Соблечи се гола или ќе те обесам на лустер”.

По ова, се вели во пресудата, ја удрил со силен удар со тупаница во слабината и брутално и` ги соблекол алиштата. Ја фатил за рака и насила ја одвел во една од просториите во куќата, ја фрлил врз креветот и игнорирајќи ги нејзините молби да ја пушти, и` ги раширил нозете и` ја силувал, пренесе Вест.

Жената побарала лекарска помош во Медицинскиот центар во Тетово, а потоа го пријавила случајот во полиција. 

 

 

 
 
07.10.2016 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега