Вонредна прогноза: Попладне невреме во Македонија

Под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд, особено доцна попладне и во вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни (над 25л/m2) Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура од два до девет, а дневната од 14 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура  шест степени, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува стабилно време, во сабота променливо облачно со сончеви периоди, а во недела сончево со умерена облачност и малку потопло. Потоа во првите два дена од наредната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд со послаб интензитет.

 
 
07.10.2016 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега