Пешак прегазен во Кичево, со сериозни повреди пренесен во битолската болница

Осумдесет и две годишниот кичевец Д.Ѓ. вчера околу 19 часот бил прегазен во Кичево во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, информираат денес од полицијата.

Според информациите со кои располага МВР, во Д.Ѓ. удрил автомобил „Рено“ управуван од Н.С. (30) исто така од Кичево.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки повреди поради кои по укажаната лекарска помош во медицинскиот центар во Кичево е препратен во битолската болница.

На местото на несреќата извршен е полициски увид.

 
 
07.10.2016 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега