СИТЕЛ: Стартуваше грејната сезона, а со тоа почна и сериозното загадување на воздухот

Студениот бран што ја зафати нашата земја ја стартуваше грејната сезона десет дена пред официјалниот почеток. Во зависност од изворите на енергија кои ги користат домаќинствата, затоплувањето на домовите може да биде и една од главните причини за загадувањето на воздухот во градовите.

Подобрување на квалитетот на воздухот може да се постигне и доколку граѓаните за затоплување на своите домови да користат печки на пелети. Градот Скопје денеска донесе Програма за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година.

Од СДСМ велат дека единствено стратешко решение за проблемот со загадениот воздух во Скопје е гасификација на градот.

Доколку би се создале услови, граѓаните би го користеле овој високоефикасен и еколошки начин на затоплување на домовите.

Испитувањето на воздухот покажува дека најголемото загадување доаѓа од огревните дрва, остатоците од мебел и други несоодветни горива, по што следат автомобилите и индустријата.

 
 
06.10.2016 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега