Невреме во Македонија: Тепературите паѓаат под нулата

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има попладне и во вечерните часови кога на места ќе бидат пообилни, особено во северозападните и источните делови. Локално се очекува да наврнат над 25 л/м2.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во сабота ќе преовладува променливо облачно време, со сончеви периоди кои ќе бидат позастапени во источните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе биде без промена.  

Во недела ќе биде претежно сончево со пониска утринска температура, од еден до осум, а повисока дневна од 16 до 23 степени.

Потоа во првите два дена од наредната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет. 

 
 
06.10.2016 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега