Керим го честита изборот на Антонио Гутереш за генерален секретар на ОН

Срѓан Керим, македонскиот кандидат за генерален секретар на ОН, му го честиташе изборот на Антонио Гутереш, и му посака успех во исполнување на, како што наведува, оваа тешка и одговорна задача. 

- Ми беше исклучително голема чест да учествувам во трката за избор на генерален секретар на ООН. Тоа го толкувам како големо признание од страна на мојата држава Република Македонија за повеќе од тридецениската дипломатска работа. Му честитам на Антонио Гутереш на изборот за генерален секретар на ООН, и му посакувам успех во исполнување на оваа исклучително тешка и одговорна задача, стои во пишаната изјава на Керим. 

Како во кампањата така и во самиот изборен процес, посочува Керим, дадов се од себе да бидеме успешно и достоинствено застапени.

- Конечниот резултат е очигледно сплет на околности врз кои ниту јас ниту нашата држава не можевме да влијаеме, наведува Керим.

Искажа голема благодарност до Владата на Република Македонија и Министерството за надворешни работи, како и до сите оние кои што директно или индиректно го поддржуваа и дадоа свој придонес во текот на кампањата и изборниот процес. 

 
 
06.10.2016 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега