Трагедија во Хрватска: Демниер загина при експлозија на бомба

Хрватски деминер денеска загина при избувнување на експлозивна направа во зона минирана за време на војната во 90-тите години, јави БТА.

Експлозијата се случила во регионот Окучани, источна Хрватска, каде се испратени деминери од компанијата „Мунгос“.

Како што изјави преставник на компанијата, специјализирана за деминирање, жртвата е на 42-годишна возраст.

Над 800 лица, од кои 110 деминери, загинаа од експлозија на мини по крајот на војните во Хрватска и Босна и Херцеговина.

Дваесет и една година по завршувањето на војните, одредени региони во Хрватска и Босна и Херцеговина се уште претставуваат опасност поради илјадниците нагазни и противтенковските мини, како и други неексплодирани експлозивни направи, кои се наоѓаат во нив

 
 
05.10.2016 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа