Владата започнува со целосно обештетување на погодените од поплавите

Почнува целосната исплата на оштетените лица во августовските поплави, одлучи Владата.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, исплатата ќе се реализира во неколку транши, овој и наредниот месец. Со првата транша вредна 118 милиони денари ќе бидат опфатени 947 предмети или 25 отсто  од засега утврдените четири илјади.

- Граѓаните да бидат сигурни дека Владата ќе го реализира ветувањето дадено во август и ќе ги обесштети сите што беа зафатени од поплавите, нагласи Ѓорѓиев на прес-конференција.

Според него, првата транша би требало да се реализира до крајот на оваа недела.

 
 
05.10.2016 - 15:31
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега