По земјотресот скопјани имаа мирна ноќ - се смирува ли тлото?

 

Нов земјотрес со епицентар во Скопје вчера ги потресе граѓаните. Скопјани имаа мирен период по серијата земјотреси кои ги вознемирија и ги извадија од домовите. По силниот земјотрес на 11 септември, кој се случи во 15 часот и 10 минути, со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер, што е најсилен земјотрес во Скопје по катастрофалниот во 1963 година, скопјани без без мир и без сон од серијата земјотреси кои следеа потоа. Секојдневно се тресеше тлото, а веќе неколку недели ситуацијата беше смирена, се до вчера.

Во текот на вчерашниот ден  повторно земјотрес го стресе Скопје со магнитуда од 3,1 степени, на длабочина од 5 километри. Сеизмоилошката опсерваторија на при Природно математичкиот фактултет објави дека земјотресот бил со епицентар меѓу населбите Маџари и Инџиково. 

Земјотресот беше почувствуван во Скопје и околината во 12:2.

Периодов и Балканот не престанува да се тресе. Утринава се регистрирани земјотреси во Грција, Албанија, и многу земјотреси во Турција.

Се наеваме дека тлото се смири и дека скопјани ќе имаат мирен период пред себе.

 

 
 
05.10.2016 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега