Откриен идентитетот на загинатиот пешак на патот Пехчево-Делчево

Во 20 часот и 10 минути синоќа се случила страшна сообраќајна несреќа која завршила трагично. Денеска, официјалните информации од македонската полциија говорат дека на патот Пехчево-Делчево, на местото Манчово поле во атарот на селото Тработивиште, се случила сообраќајна незгода во која возило „Тојота Корола“ со бугарска регистарска ознака управувано од 45-годишниот П.И. од Делчево удрило во пешак, 44-годишниот И.Н. од селото Тработивиште, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Смрт е констатирана од страна на доктор од Итна медицинска помош. За жал, не можело да се направи ништо.

Увид на лице место извршиле Основното јавно обвинителство и увидна екипа од СВР-Штип.

 

 
 
04.10.2016 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега