Куршум завршил во возилото на гостиварчанец

Во 22 часот и 20 минути синоќа во полициската станица во Гостивар, 59-годишниот Н.А. од Гостивар, пријавил оштетување на неговото возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, од заскитан проектил од пиштол.

Возилото, според податоците од полциијата, било паркирано на тротоар пред неговата куќа, а имало нагмечување на лимот од кровот над задната лева врата, додека проектилот се одбил и бил пронајден на тротоарот пред возилото.

Увид на лице место извршила екипа од полицијата, а проектилот е подигнат и ќе биде доставен за вештачење.

 

 
 
04.10.2016 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега