Повеќе скопски населби без вода - полнете резерви
Од 9 часот денеска без вода ќе бидат граѓаните кои живеат во повисоките спратови од зградите во населбите Јане Сандански и Ново Лисиче.
Причина за тоа е отстранување на уличен дефект на водоводна цевка на булеварот Србија.
Од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на изветување од Водовод и канализација, информираат дека вода ќе нема се до санирањето на дефектот.
03.10.2016 - 08:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа