Проекти за прекугранична соработка Македонија - Албанија

Во Охрид и во Битола денеска ќе се организираат информативни сесии за Првиот повик за поднесување на предлози во рамки на проектот на Европската унија за прекугранична соработка Македонија-Албанија. 

Информативните сесии се во организација на Министреството за локална самоуправа, оперативната структура на ИПА прекуграничната програма за соработка Република Македонија - Албанија 2014-2020 и Делегацијата на Европската унија (ДЕУ) во Република Македонија. 

Во Општина Битола информативната сесија ќе биде од 10 до 12 часот, додека во Охрид во 14 часот.  

Пред учесниците ќе биде презентиран водичот за поднесување на проектни предлози преку кој потенцијалните апликанти ќе имаат можност да се запознаат со критериумите за аплицирање на повикот.

Во вторник вакви информативни средби ќе се одржат во Корча и Елбаса, Албанија, а во среда во Дебар и во Гостивар.

 
 
03.10.2016 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега