Трагедија: Загина тракторист во кумановско

Вчера утрото околу 9 часот и 30 минути во селото Тромеѓа-кумановско, 59-годишниот С.П.  при обид да го стартува тракторот бил прегазен од него, по што со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата во Куманово, каде по обидите за реанимација починал.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на ЈО, телото на починатиот било предадено на семејството.

 
 
02.10.2016 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега