Сообраќајка на патот Маврови Анови- Дебар - сообраќајот отежнат

На регионалниот пат Маврови Анови – Дебар кај местото Скудрински продавници возилата се пропуштаат наизменично, додека за камиони сообраќајот е забранет, соопшти АМСМ.

Ваквиот режим е воведен рано утрово околу 1:25 часот поради сообраќајна незгода што се случила вчера вечер.

Сообраќајот од 22:55 часот синоќа до раните утрински часови денес беше во целосен прекин.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

 
 
02.10.2016 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега