АНКЕТА: ВМРО- ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ

 

-Во периодот меѓу 26 и 29 СВМРО-ДПМНЕ 25,9 отсто, СДСМ 15,7 отсто. Ова се резултатите од Анкетата на Институтот Павел Шатев на која граѓаните одговарале на прашањето за која партија би гласале на предвремените парламентарни избори? Следува ДУИ со 5,1 и ДПА со 2,7 отсто поддршка.

-Во периодот меѓу 26 и 29 Септември Институтот Павел Шатев спроведе телефонска анкета на 1260 испитаници за да ја измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во Република Македонија. Во анкетата која беше на ниво на целата територија на Република Македонија, беа опфатени шестте изборни единици, како и повеќе релевантни демографски карактеристики на населението односно пол, возраст, и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,1 проценти, инфомираат од Институтот.

 

anketa-1

 

anketa-2

 

anketa-4

anketa-3

 
 
01.10.2016 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа