Автомобил прегази велосипедист во Струга

Вчера околу 12,00 часот во Струга на ул.„Владо Малески“ случена е сообраќајна незгода помеѓу автомобил марка  „Цитроен“Ц3 со скопски регистерски ознаки управувано од 74-годишниот  Т.Ѓ.  од Скопје и велосипед управуван од 72-годишниот В.Т.  од Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на черепот и левата половина од горната вилица и крварење во главата) се здобил возачот на велосипедот, кој бил пренесен во МЦ-Струга, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата Св.Еразмо-Охрид, каде бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот бил извршен од ЈО и увидна екипа од ПС-Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
01.10.2016 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега