СЈО ги опструира сопствените предмети?

Во однос на предлогот за определување на мерките на претпазливост поднесени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за предметот во јавноста познат како „Трезор“, СЈО побара изземање на судијата на претходна постапка кој постапува по истиот од причини наведени на записник дадени пред судијата на претходна постапка.

Претседателот на Основен суд Скопје 1  - Скопје во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО, што претставува преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на судот  не било поднесено ниту едно вакво барање од страна на останатите обвинителства.

Со ова СЈО дополнително влијае на одолговлекување на постапките кои тие самите ги покренуваат до овој суд.  

 

Во однос на предлогот за определување на мерка притвор, по донесувањето на одлуката на судијата на претходна постапка, јавноста ќе биде дополнотелно информирана.

 
 
30.09.2016 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега