„Дневник“: Направи ли СЈО кривично дело откривајќи сведок – оставена дилемата дали бил соработник на правдата

 

За време на последната прес-конференција, на која обвинителките од специјалното јавно обвинителство го образложуваа најновиот случај „Трезор“, според кој четворица осомничени го оштетиле државниот буџет при набавка на опрема, која била неопходна за работењето на Управата за безбедност и контраразузнавање, намерно или не направија грешка објавувајќи го идентитетот на нивниот сведок, пишува Дневник.

Имено, додека го опишуваше случајот, обвинителката Фатиме Фетаи наведе дека од набавката на опремата наводна корист остварила фирмата „Финзи“, која има деловни односи со производителот, извесна британска компанија.

– Повеќепати во текот на зборувањето токму Фетаи потврди дека сопственикот на „Финзи“ имал извонредна соработка со СЈО и бил сведок, а не обвинет. Потоа го посочи директно сведокот за кој јавно кажа дека ја реализирал јавната набавка во име на МВР, пишува Дневник.

Поопширно во печатено или во електронското издание на Дневник.

 
 
30.09.2016 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа