Металург своите подготовки ги продолжува во Србија

Во Златбор во Србија продолжуваат подготовките на ракометарите на Металург за баражот во ЛШ и за регионалното и домашно првенство. Ракометарите во Србија ќе престојуваат осум дена каде ќе ги одржат своите кондициони и тактички тренинзи. Со нова програма и сили тимот од Авто Команда ќе треба да ја засили подвижноста и ефикасноста во нападот.

Ракометниот клуб Металург од денеска во Златибор, Србија, започнува со следната фаза на подготовки за баражот за Лигата на шампионите, како и за регионалното и домашното првенство.

- Заштитен знак на секоја успешна екипа е добрата и цврста одбрана, која се темели на брзи и промислени реакции, а Металург тоа го докажа изминатите две сезони. На подготовките за новата сезона најголем акцент во тренирањето ставаме на моторната и менталната брзина. Се надевам дека со новиот систем на тренинзи дополнително ќе ја зголемиме подвижноста на одбраната, а и ефикасноста на нападот, со брза реакција и реализација во секоја укажана шанса, изјави Лино Червар за официјалната веб страна на македонскиот вицепрвак.

Червар засега не планира да има пријателски натпревари.

- Таму ќе продолжиме да работиме со посилно темпо, за потоа турнирот во Струга да биде проверка на формата и воиграноста на екипата. По завршувањето на турнирот ќе имаме уште малку време до двомечот со Пик Сегед во квалификациите за Лигата на шампионите, да доработиме на формата и на тактиката и евентуалните недостатоци во неа, истакнува хрватскиот стручњак.

Турнирот во Струга почнува на 14 август, со средбата Металург – Струга. На 15 август Металург играм со екипата на Брест Мешков, ден потоа со тимот на Версај, а на 17 август се натпреварите за пласман.

Клубот од Автокоманда на 28 август, во својата сала го игра првиот натпревар од двомечот со унгарскиот вицешампион Пик Сегед за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Реваншот е на 1 септември во Сегед.

ФОТО: Курир