Среде бел ден ограбил џип на паркинг во Скопје - скопјанец остана без половина милион денари

Вчера наутро околу 11:30 часот, засега непознат натрапник ограбил џип „Махиндра“ паркиран на паркинг просторот на улицата „Мито Хаџивасилев -Јасмин“ во Скопје.

Според полицијата, крадецот го ограбил џипот со скопски регистерски таблички сопственост на скопјанецот Д. З. (64), одземајќи чанта во која имало  500.000 денари. Полицијата активно трага по крадецот.

најчитано сега