Ужас во Градскиот парк: Пет мажи силувале девојка со пречки во развојот

Поради сомневање дека ја силувале П.С. (28), пет мажи се приведени и нив им е одредено полициско задржување до 48 часа.

Како што дознава српски Блиц, сексуалното злоставување се случило пред неколку дена во градскиот парк, а жената силувањето го пријавила во средата во полициската управа во Нови Пазар. Неофицијално, се работи за лице со пречки во развојот.

Осомничените М.Н. (46), И.А. (21), М.С. (44), Д.Е. (18) и Б.Х. (29) се приведени набрзо по пријавувањето за силување и нив им е одреден притвор од 48 часа.

 
 
29.09.2016 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега