ТРАГЕДИЈА: Татко си ги убил двете деца, па си пукал во глава

Еден татко во местото Липница во близина на Тузла, БиХ, вчера вечер пукал во своите две деца, а потоа се обидел да се самоубие.

Сараевските медиуми објавија дека Н.Д., роден 1974. година, во своето возило пукал во 11-годишната ќерка и ја убил, потоа и во седумгодишниот син, а потоа испукал неколку куршуми во себе.

Како што се наведува, момчето било живо пренесено во Клиничкиот центар во Тузла каде набрзо им подлегнало на повредите, додека лекарите сеуште се борат за животот на таткото.

Мајката неодамна ја напуштила куќата и заминала во Германија, а децата ги оставила со таткото.

 

 

 
 
29.09.2016 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега