Средба Заев Жбогар: Регуларни избори во декември и демократска Влада!

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, попладнето се сретна со шефот на делегацијата на Европската унија во Р.Македонија, Самуел Жбогар.

Постои јасна согласност дека во декември мора да има регуларни избори, кризата во државата да заврши со избор на легитимна Влада којашто ќе се посвети на потребните реформски процеси во интерес на граѓаните.

-Ние сме убедени дека на изборите во декември што мора да бидат фер и слободни ќе се случат промени што ќе отворат пат за подобар живот на граѓаните и перспектива на Македонија, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев соопшти дека СДСМ веќе активно ја разработува динамиката со којашто по изборите ќе следуваат економска стабилизација на граѓаните и државата и демократски процеси за функционални институции, слободни медиумите, независно судство.

 

На средбата беше нагласена поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство коешто ја има клучната улога во обезбедувањето пат на правдата и правната држава. 

 
 
27.09.2016 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега