Најдобриот рецепт за домашен топло-ладен колач

 

Речиси и да се ретки оние кои не го пробале ова вкусно колаче, со цврста обививка и течна, чоколадна внатрешност. За љубители на чоколадото ова колаче е врвот на сите десерти, а за оние кои се прибирливи во областа на десертите, ова е оној десерт кој секогаш го нарачуваат. Топол е затоа што се служи веднаш изваден од рерна, а ладен затоа што му прави друштво една топка сладолед, најчесто од ванила. Интересно за овој десерт е тоа што  настанал во 1981 година од рацете на францускиот шеф Michel Bras кој овој колач за прв пат го подготвил во својот ресторан.

Оригиналниот рецепт за овој колач е направен од замрзнат генаж во тесто за колачи. Овој рецепт подоцна се усовршувал и сега е доведен до совршенство. Полесно е да се прави во ресторан, отколку во домашни услови, заради калапите и топлината на рерната.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100 гр темно чоколадо (70% какао маса)

100 гр путер

100 гр шеќер во прав

50 гр брашно, просеано низ сито или цедалка

3 јајца

рендана кора од портокал(по желба)

сладолед

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Рерната загрејте ја на 200 целсиусови степени. Во сад на пареа растопете ги путерот и чоколадата. Кога ќе се растопат, тргнете од оган и ставете го шеќерот. Мешајте полека со дрвена лажица додека да се растопи шеќерот. Ставете ги брашното, изешајте и едно по едно додавајте ги јајцата со нежно мешање. Ставете ја кората од портокал, ако ја користите. Смесата ставете ја, во претходно намрсени со растопен путер, керамички садови. Не ги преполнувајте садовите, затоа што нема убаво да се извадат. Печете ги колачињата 10 до 12 минути (максимум). Оставете малку да се оладат и извадете ги. Сервирајте со топка сладолед, по желба.

 
 
27.09.2016 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега