На повидок нов рекорден трансфер од 120 милиони евра - Бејл меѓу кралевите?

Шпанскиот печат ја објави трансфер бомбата како веќе договорена на Герет Бејл кој од Тотенхем треба да се пресели во редовите на кралскиот клуб Реал Мадрид. Имено и двајцата челници на клубовите Флорентино Перез и Даниел Леви се договориле за неверојатната рекордна сума од 120 милиони долари за услугите на Велшанецот. Во трансферот шпанскиот весник Марка обелодени дека е вклучен и Лука Модриќ, но ваквите информации ги негираше новиот тренер на „кралевите“ Карло Анчелоти кој јасно стави до знаење дека Хрватот нема да си замине. 

 

најчитано сега