Ѓорче Петров и Сарај во понеделник без струја

Од регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, известуваат дека на ден  05.08.2013 во понеделник во периодот од 09:30 часот до 11:30 без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Ѓорче Петров од бр.65 до бр.90 во општина Ѓорче Петров.

Без струја ќе бидат и жителите од општина Сарај во периодот од 09:30 до 15:30 од горниот дел од селото Копаница. 

Во периодот од 11.00 до 12.30 часот, без електрично напојување ќе бидат и корисниците од улица Алекса Демниевски  лоцирани кај маркетот Ана од општина Ѓорче Петров, додека во периодот од 12.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица Ѓорче Петров.