Во Албанија почна голема воена вежба

Повеќе од 1.700 војници на албанската армија, на САД, Велика Британија, Италија, Косово и Црна Гора,во Албанија почнаа голема воена вежба насловена  “Joint Effort“.

Вежбата ќе трае десет дена и се спровдува во осум локации во Албанија.

- Седум години сме во НАТО,но ова е првпат ние да организираме во нашата земја воена вежба од вакви размери, изјави Јероним Базо, началник на Генералштабот на албанската армија. 

За министерката за одбрана, Мими Кодели, вежбата е во служба на заедничкото делување и придонес и зголемување на соработката и довербата межу државите.

- Денешните закани на источните и јужните граници на Алијансата го потврдуваат значењето на добрата подготвеност за соочување со било каков ризик, изјави Кодели.

Командантот на американската војска во Европа, Бен Хоџес оценил дека албанската армија напредува.

- Албанија е многу значајна за Алијансата,таа е значаен дел од стабилноста во регионот, многу напредуваше но, треба да се зголемат инвестициите за армијата. Албанија вети дека буџетот за армијата ќе биде 2 отсто од БДП. Што се однесува до војската на Косово,зачленувањето во НАТО е политичка одлука, изјавил Ходгес.

Воената вежба “Joint Effort” се очекува да го официјализира и вториот пешадиски баталјон што претставува барање во континуитет на НАТО за албанската армија. 

 
 
26.09.2016 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега