Скопјанка се скарала со свекрвата па го треснала бебето од улица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против скопјанката А.Х. (30), која е мајката што го малтретираше и тепаше 18-месечното бебе. Од Обвинителството соопштуваат дека откако е завршена истражната постапка и се прибрани сите докази за настанот, Обвинителството го доставило до Основниот суд Скопје 1 обвинителниот акт. Мајката ќе одговара за запуштање и малтретирање малолетно лице.

За потсетување, А.Х. е обвинета дека на 31 август годинава физички го малтретирала своето 18- месечно бебе. Таа прво го удрила по главата, а потоа го кренала високо и го фрлила на асфалтот откако се скарала со свекрвата. На Клиниката за неврохирургија  специјалист неврохирург констатирал дека има нагмечување на главата и потрес на мозокот.

Овој настан ја потресе македонската јавност.

 
 
26.09.2016 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега