Зошто СЈО крие како ги троши парите - кој се е на платниот список на Катица Јанева?

Катица Јанева молчи, сомнежите растат. Каде и како се трошат 4 милиони евра пари на граѓаните и зошто Специјалното јавно обвинителство за тоа не поднесува извештај.
Press24 веќе неколку месеци се обидува да добие одговори за прашањата за кои СЈО според законот е задолжено да биде транспарентно, но до овој момент, транспарентноста е само дел од заложбите на обвинителите.

СЈО првично тврдеше дека трошењето на парите на граѓаните е доверлива информација, за подоцна, Јанева и пред пратениците во Собранието да потврди дека не планира да даде извештај како ги троши народните пари.

Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, дојдовме до потврда дека преку СЈО се плаќаат 8 поранешни и актуелни професори, адвокати и обвинители, од кои голем дел можеше да се видат во првите редови на Шарената револуција. Нивните хонорари се движат од 300 до 500 евра месечно.


Но тоа не се единствените лица кои СЈО ги плаќа на овој начин, односно преку Договор за соработка, ангажирајќи ги како експерти во повеќе области.
Од СЈО потврдија дека само за договори, имаат одвоено буџет од близу 1,5 милион евра за цела година. Но очигледно тоа е само дел од сумата која се користи за договорни услуги и плаќање на лица на кои СЈО сака да им го сокрие идентитетот.
За само 6 месеци, СЈО сокри од граѓаните каде потроши скоро 1 милион евра.

Вкупно потрошени

72.941.547 денари

За адаптација на новиот објект

8.505.777 денари

За кирии

3.865.445 денари

Вкупно потрошени

12.371.222 денари

Нема информации за што се потрошени

60.570.325 денари

Тоа значи дека Јанева крие 80% од трошоците. Ако се има предвид буџетот од 4 милиони евра годишно, математиката вели дека со вакво темпо, граѓаните ќе немаат информации каде се сокриле близу 3 милиони евра, што е огромна сума со која може да се корумпираат новинари, експерти, професори, да се потплаќаат сведоци за лажни искази и комплетно да се финансираат предизборни кампањи на политички партии.

 
 
26.09.2016 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега