Мртво девојче ги отвори очите - чудо во црквата, верниците се молат пред неа

Туристи кои биле во посета на катедралата во мексиканскиот град Халиско, тврдат дека е снимен моментот кога дете починато пред 300 години, ги отворило очите.

Додека едно велат дека тоа е „чудо“, други се уверени дека станува збор за уште една измама и монтажа.

Девојчето кое починало пред 300 година е прогласено за светица пор името Света Невиност и нејзините посмртни останки се погребани во катедралата. За неа има повеќе легенди, а според најпознатата, станува збор за девојче кое сакало да оди на првата причест со соучениците, но татко и тоа го забранил. Кога на повик на калуѓерките, таа отишла на мисата, татко и ја претепал до смрт, пишува „Миррор“.

Нејзиниото тело потоа е однесено во локалната катедрала и погребано, а таа е прогласена за симбол за „љубовта кон Исус Христос“.

Снимката на која таа наводно ги отвора очите досега е прегледана на интернет од повеќе од милион луѓе.

На прв пглед нејзиното балсамирано тело изгледа како статуа, а по кусо време, на снимката камерата се фокусира на „отворените“ очи на девојчето.

 

 
 
26.09.2016 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа