БРАВО: Македонци станаа балкански шампиони - 10 медали за нашата таеквондо репрезентација

Македонската таеквондо репрезентација на првиот дена на 18. Балканско првенство во Дупница, Бугарија, освои 10 медали (2-1-7), при што Дејан Георгиевски и Филип Додевски станаа балкански шампиони. Ова е најголемиот успех на македонската таеквондо репрезентација.

Од 10 освоени медали 2 се златни, 1 сребрен и 7 бронзени.

Дејан Георгиевски до златниот медал стигна на импресивен начин добивајќи ги сите три борби со нокаут,  Филип Додевски до златото стигна со четири победи.

Сребрени медали освоија Филип Стаменов и Марко Аврамовски со по две победи.

Со бронзени медали се закитија: Сара Раевска – 2 победи, Ива Сандева – 2 победи, Ања Русовска – 2 победи, Фросина Раевска – 1 победа,Ненад Мрцковски – 3 победи и Јована Јанковска – 2 победи.

По повод големиот успех на македонската таеквондо репрезентација на Балканското првенство, денес, со почеток во 12.00 часот во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Марјан Спасески ќе организира прием на репрезентативците.

 
 
26.09.2016 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега