Земјата повторно се тресе - земјотрес со интензитет од 5.7 степени во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на Јапонија, јави ТАСС. 

Според податоците на Националната метеоролошка служба епицентарот се наоѓал во регионот на островот Амами, префектурата Кагошима, на длабочина од 40 километри под површината на земјата. 

Нема податоци за жртви или предизвикани материјални штети. 

Властите првично објавија тревога за можна појава на цунами, но неколку минути подоцна ја откажаа. 

 
 
26.09.2016 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега