Се судрија две возила и трактор - маж се бори за живот на Ургентен во Скопје

Во 22 часот и 15 минути синоќа на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село, на местото „Леонидова чешма“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Форд Ескорд“, управувано од 45-годишниот Т.Т.  од селото Банско – Струмица, Трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки управуван од 69-годишниот Т.С. од селото Сушица и возило „Форд Мондео“ со чешки регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Г.Д.  од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.Т., кој по укажаната лекарска помош во Струмица бил препратен во Ургентен во Скопје.

За жал, се наоѓа во животна опасност, додека останатите двајца учесници се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на лице место извршил Јавен обвинител и полицијата.

 

 
 
24.09.2016 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега