ФОТО: По три сина посакувала ќерка, но родила тројка!

Велат да се има ќерка е многу единствено искуство, а оваа приказна ќе ве воодушеви.

Животот речиси бил совршен за Клои и Рохан Дунстан. Имале три  прекрасни сина, топол дом и семејство полно со љубов – но, двајцата знаеле дека нешто недостасува. Сакале едно девојче во семејството и решиле да поработат на тоа.

ultrazvuk-300x212

Пред да дознаат дека Клои е бремена , можеле да забележат дека нејзиниот стомак расте забрзано и дека е поголем од што е нормално. Нејзиното тело се сменило и нејзините хормони „полуделе“.

Кога биле на преглед кај доктор тој им соопштил неочекувана новост. Клои носела тројка. Просто не можеле да веруваат што им се случува.

Откако бременоста ја контролирале со ултразвук, докторите увиделе дека две од бебињата се развиваат добро, а третото се бори за живот.

deca

Пред родителите бил ставен избор, дали да пуштат само двете бебиња да се развиваат добро без било каков ризик или сите три деца да се родат предвреме. Како што поминувала бременоста Клои и нејзиниот сопруг решиле да ги задржат сите три деца и таа да ги донесе на свет. За среќа, сите биле здрави, а едно од трите бебиња било девојче додека другите две биле момчиња.

 
 
24.09.2016 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега