Мукоски до Јанева: Како беше укинат притворот на Верушевски ако судовите го саботираат СЈО

Пратеникот Крсто Мукоски реплицирајќи и на Катица Јанева ја запраша како и на кој начин денес Верушевски е на слобода ако Јанева како што кажува била саботирана од судовите во Република Македонија.

- Зошто сте самите контрадикторни? Ако судовите ве саботирале, ве бојкотирале, не ви доделувале потребни информации врз основа на што баравте Верушевски да биде пуштен на слобода? Самите сте контрадикторни. Госпоѓо специјален јавен обвинител со сета почит, меѓутоа дали добро се слушате. Па вие сите ги навредувате во оваа држава, цел систем, за вас судовите не функционираат, за вас вчерашните и идни некогаш колеги не се во ред, за вас овој Парламент не е легитимен, овие што ве избрале па добро бе госпоѓо вие и вашата екипа од Марс да не дојдовте. Вие се дигнавте и над законот, над системот, над се се издигнавте, реплицираше Мукоски.

 

На овие прашања Катица Јанева како и на сите останати одговори дека СЈО побарало укинување на притворот за Верушевски и судот постапил по барањето што директно го руши тврдењето на Јанева дека се соочува со саботажа и бојкот од страна на судовите.

 
 
23.09.2016 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега