СИТЕЛ: Андонов и Безак во посета на словачкиот полициски контингент на границата со Грција

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов и амбасадорот на Словачка, Мартин Безак, денеска во Дојран ги посетија словачките полициски службеници кои се распоредени на македонско-грчката граница да им помагаат на своите колеги од Македонија во обезбедувањето и чувањето на границата.

Заедничката активност на полициските сили од двете земји Андонов ја оцени како исклучително значајна, особено, како што рече, во делот на сузбивање на транснационалниот организиран криминал, илегалната миграција и криумчарењето мигранти.

- До крајот на годината се очекува уште еден контингент словачки полицајци да пристигне во Македонија, што ќе биде петти по ред, а за следната година ќе се склучуваат нови договори, рече Андонов и нагласи дека на оваа локација моментно има 25 словачки полицајци.

Тој оцени оцени дека во последно време многу е намален бројот на илегални преминувања на границата и потенцира дека соработката на земјите од „балканката рута“ и земјите од ЕУ треба да биде добар пример за вклучување на сите останати земји во решавањето на бегалската криза. 

 
 
23.09.2016 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега