СИТЕЛ: УМС нс ВМРО-ДПМНЕ задоволна од ставање во собраниска процедура на законот за вработување на 100-те најдобри студенти

Развојот на образованието и градењето на Република Македонија како земја базирана на знаење, наука, информатички технологии и иновации е цврста стратешка определба во политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Силна држава е 
држава со образована младина. Во таа насока, во изминатите години како партија која ја предводи власта реализиравме и сé уште реализираме многу проекти, мерки, активности и реформи кои обезбедија и сеуште ќе обезбедуваат бројни бенефиции, поволности и нови можности за сите млади луѓе. Нас особено ни е драго што сите тие проекти потекнуваат директно од комуникацијата со младите. Во спротивно, додека ВМРО-ДПМНЕ вложува милиони евра за 
образованието и спроведува проекти, СДСМ сака да спроведе двојазичност за младите да учат на албански. Тоа беше јасно и гласно кажано од партискиот лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој за пример ја зема својата ќерка која требало да
учи на албански. Најнапред во изминативе години Буџетот за образование од страна на ВМРО-ДПМНЕ е зголемен за 72,3%, односно од 13,4 милијарди денари во 2006 година на 23,1 милијарди денари во 2016 година. истакна Димче Арсовски, Потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
 
 
23.09.2016 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега