СИТЕЛ: Иванов пред ООН: Бараме да ни се почитува правото на самоидентификација и човеково достоинство

Правото на самоидентификација е темел на достоинството и на личноста и на народите. Претстедалеот Ѓорге Иванов од говорницата ан Обединетите нации ги повика државите во светот да ја почитуваат македонската самоидентификација и да ја признаат реалноста на Македонија.

Иванов смета дека сите прашање можат да бидат решени ако постои почитување и дијалог.

Во тој контекст, Иванов јавно го повика грчкиот примиер, следната година да биде специјален гостин во Македонија, на самиот Брдо-бриони, што ќе се одржи во Македонија.

Во говорот на 71 генерлно собрание, Иванов повтроно го актуелизираше прашањето со почитувањетро на меѓународното право, нагласувајќи дека тоа е суштиунски елемент за функционалноста на светската организиација.

Друг важен момент што Иванов го потенцираше се однесува на неодлучноста на Европската унија да ги деблокира македонските евроинтеграции, што пак според македонскиот претседател има голема улога во вантреполитичката криза на државата. Тој процес на стагнација вели Иванов, раѓа нови ретроградни процеси на Балканот.

Иванов му даде поддршка на Срѓан Керим во процесот на избор на нов генерален секретар на Обединетите нации, потсетувајќи ги светските лидери на принципот дека идниот генерален секретар треба да биде од редот на државите на Југоисточна Европа.

 
 
23.09.2016 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега