ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува некрофилијата и нечовечкото однесување на СДСМ

Продолжува некрофилијата и нечовечкото однесување на СДСМ. Очигледно Сугарески и СДСМ очајнички се обидуваат преку вакви празни прес конференции да го одвлечат вниманието на јавноста од срамниот настап на Катица Јанева во Собранието на Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Да е срамот и скандалот уште поголем, СДСМ за да ја заштити Катица Јанева, се обиде да ја искористи и злоупотреби Надзорната расправа која се однесуваше на поплавите од 6-ти август кои го погодија скопското подрачје.

Но, овие обиди на СДСМ за манипулации и извртување на вистината, јавноста веќе ги препознава.

Ние нема да го дозволиме обидот на СДСМ да ја претвори Надзорната расправа за поплавите во циркус каде што сака да ќарува ситни политички поени на грбот на граѓаните и нивните судбини кои што беа погодени од оваа временска непогода.

Ова е уште еден цврст доказ за несериозноста и лажната грижа на СДСМ за што побрзо санирање на штетите и ублажување на последиците од страшната временска непогода која што го зафати скопскиот регион на 6-ти август.

 
 
22.09.2016 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега