Катица Јанева со методите на Заев- ги злоупотребува незаконските снимки за закани и лични пресметки со пратениците

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ја праша Јанева да каже кој е нејзиниот личен капацитет, на какви дела работела во судот во Гевгелија, дали работела на дела за злосторничко здружување, за изборни измами, за дела за кои се суди над 5 години затвор, и зошто е поголема штетата што на Македонија и ја нанел Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, од штетата што и ја направил екс разузнавачот Зоран Верушевски.

– Посконцентрирано го слушам господинот Милошоски бидејќи го слушам и во незаконски прибавените разговори и знам за неговиот личен капацитет. За мојот личен капацитет, Марко (Зврлевски) ми беше шеф, и нека каже тој, одговори Јанева предизвикувајќи реакции меѓу пратениците.

Милошоски во контрареплика кажа дека доколку повнимателно ги слушала незаконски стекнатите прислушувани разговори ќе знаела дека разговорите се однесуваат на локалните избори во 2013 година.

– Дали според тие разговори цените дека е нелигитимен градоначалникот на Струмица Зоран Заев? Дали сте слушнале за поткупи во турското маало во Струмица, колку вреди еден глас? Дали Вие цените дека сте легитимна обвинителка ако доаѓате во Собрание кое не го признавате за легитимно? Дали Вашите изјави се морални ако барате нелегитимне Парламент да донесе закони кои Вам ви се важни?, праша Милошоски.

 
 
22.09.2016 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега