Јанева како на караоке: Ги прекина Димовски и Ѓорчев и сама си додели збор (ВИДЕО)
Катица Јанева уште еднаш покажа апсолутно непознавање на процедурите и редот во Законодавниот дом, откако за време на Комисијата за политички систем сама си додели збор и го прекина во исказот претседателот на комисијата, пратеникот Влатко Ѓорчев.
Јанева најпрво гестикулираше и реагираше на прашањата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на што реагираше претседателот на комисијата Ѓорчев. Јанева, како да се наоѓа на караоке-шоу или на „пинкове ѕвездице“, а не во Законодавниот дом пред кој мора да одговара, го вклучи микрофонот и го прекина обидот на Ѓорчев за воведување ред на седницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа