ВИДЕА: Еве како изгледа ненарачано и нарачано интервју под контрола на СДСМ
Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски пред скоро една година, поточно на 15 октомври лани му беше гостин на новинарот Чомовски во Топ Тема каде одговараше на десетици незгодни прашања и провокативни потпрашања, пренесува Курир
Конечниот впечаток од интервјуто кај поголемиот дел од стручната јавност е дека и покрај двосмислените и тенденциозни прашања, Зврлевски со факти и аргументи успеал да поентира и да ја презентира веродостојно својата работа. Нивниот дуел одеше во живо и траеше цел час.
За разлика од Зврлевски, според срамните стандарди наметнати од уредникот на СДСМ во националниот сервис, Катица Јанева одговараше на смешни, однапред усогласени прашања без никаква провокација во нив.
Јанева не беше прашана зошто не пријавила закани за Коста Крпач, доколку навистина ги имало? Не беше прашана зошто и се советници за ЗКП кога како правник мора да го познава законот? Специјалната обвинителка не беше прашана за вработувањето на ќерки, синови и роднини во СЈО? За притисоците врз сведоците? Не беше прашана за протекувањето на информации од истрагите и незаконското рушење на принципот на тајноста? Не беше прашана за становите, смоквите и огромните плати? Не беше прашана за малтретирањето на Едмонд Темелко? За свадбата на ќерка и заради која одложи судење за месец и половина…
Сé ова беа ирелевантни теми за уредникот на МТВ поставен од СДСМ. Дури и прашањата кои однапред и беа сервирани за промоција, Катица Јанева не успеа да ги искористи. Затоа МТВ мораше да сокрие дека и после една година од преземање на предметот „Пуч“, Јанева не знае кои дела им се ставаат на товар на обвинетите, а го напаѓа судот за одложувањето.
Сето ова е срамно однесување на МТВ и под сите професионални стандарди, однесување кое не смее да помине само со извинување до гледачитем туку со одговорност од оние кои го уриваат имиџот на националниот медиум.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа